Секој од нас, без разлика дали е медицинско лице или не, во секојдневието може да биде затекнат од несакана ситуација во која може да е загрозен и животот на наш пријател или случаен минувач. Навременото, би рекол, реагирање, може да спаси понекогаш и човечки живот. Следат неколку медицински совети за укажување на прва помош при повреда на ‘рбетот.
Ако се сомневате во повреда на ‘рбетот, вклучително и на вратниот дел, не ја поместувајте повредената личност. Резултат на нестручно поместување може да биде парализа или други сериозни комликации. Дека некој има повреда на ‘рбетот, треба да се посомневаме кога:
- Постои доказ за повреда на главата, со промена на свеста.
- Личноста се жали на јака болка во вратот или грбот.
- Повредениот не може да го движи вратот.
- Личноста се жали на слабост, трнење или парализа, или не постои контрола на аналниот и мочниот сфинктер, како и недостаток на подвижност на екстремитетите.
- Вратот или грбот е извиткан или чудно позициониран.
Ако се сомневате во повреда на ‘рбетот:
- Викнете ја Брзата помош.
- Не ја помрднувајте личноста! Поставете поголеми парчиња облека или крпи на двете страни од вратот за да превенирате било какво движење. Целта на првата помош при ваква повреда е да се одржи личноста во истата позиција како што е најдена.
- Овозможете прва помош за повредениот колку што е можно со помало движење на главата и вратот. Ако не постојат знаци за циркулација (дишење, кашлање или движење), почнете со реанимација. Употребете ги прстите нежно да ја придвижите вилицата. Ако повредениот нема пулс, почнете со компресија на градниот кош.
- Ако личноста носи заштитен шлем, не го вадете.
- Ако навистина морате да ја превртите личноста бидејќи повраќа, се дави во крв или има опасност од друга повреда, ќе ви биде потребен уште еден човек да ви помогне. Придвижете ја личноста заедно со што помало движење на вратот или на повредениот дел од ‘рбетот.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-