Како до мазни и негувани стапала?

0

Мазните и негувани стапала се (или би требало да бидат) одлика на секоја жена. Тие на индиректен начин ја отсликуваат убавината на женското тело, како и фактот дали и како таа се грижи за него. Затоа неминовно е да одвоите барем неколку минути од денот кои ќе ги посветите на овој често занемаруван дел од телото, кој од една страна секојдневно ви стои на располагање, а од друга страна многу зборува за вас.

Уморни стапала

Уморните стапала се честа и нормална појава по напорниот работен ден и часовите поминати на високи потпетици. Најчесто се појавуваат потечени стапала, со потечени вени и бледа кожа кои верувајте изгледаат и се чувствуваат исто толку уморно колку и вие после завршеното работно време. Затоа пред да се препуштите на заслужениот одмор направете мало добро дело и приредете им мал одмор и релаксација на стапалата. Доволно е во леген со топла или млака вода да растворите течен сапун или купка и да ги оставите стапалата потопени 10-15 минути. Верувајте, ќе се чуствувате толку пријатно што ќе посакате тоа да трае и подолго. Како додаток на овој едноставен чин доколку сакате на вашите стапала да им приредите вистинско уживање совршено би се вклопила кратка масажа и неколку капки етерично масло. Најдобро е етеричното масло од нане бидејќи има неверојатно смирувачко и благотворно дејство врз вашата кожа. Потоа избришете ги нозете со сува крпа и препуштете му се на вашиот одмор. Имајте на ум дека ова што треба да го направите ни оддалеку не може да се спореди со тоа што цел ден стапалата го правеле за вас.

Сува кожа и испукани петици

Жолтата кожа и грубите рабови, а особено испуканите петици, ни најмалку не изгледаат убаво, а од друга страна создаваат чувство на непријатност па дури и болка. Затоа барем еднаш неделно по релаксирачката бања со турпија за петици истругајте ја тврдата кожа која по бањата е помека и полесна за отстранување. За да ги претворите вашите петици во меки и негувани потребно е секоја вечер пред спиење на чисти стапала да нанесувате хидратантен крем со благо втривање, посебно на проблематичните делови. За да не остане поголем дел од кремот на вашата постелнина, како и за подобро впивање се препорачува третираните стапала да ги ставите во памучни чорапи и (по можност) да спиете со нив.

Ноктите – украс на стапалата

Како ноктите на рацете, така и ноктите на нозете оставаат голем впечаток, привлекуваат внимание и зборуваат многу за вас. Затоа неопходно е да се одржуваат и негуваат со истото внимание и постапки како и ноктите на рацете. Притоа секогаш имајте на ум доколку сте љубители на долги нокти тоа задоволство приредувајте си го исклучиво само на ноктите од рацете. Долгите нокти на нозете освен што не изгледаат убаво можат да се претворат во депонија за бактерии и микроорганизми кои настануваат како резултат на испотени стапала и кои дополнително можат да предизвикаат инфекции и разни бактериски заболувања. Ситуацијата може да се јави и кај ноктите на рацете, но тоа е значително поретко токму поради поголемата хигиена на рацете во текот на денот и нивното повеќекратно миење. Затоа доволно е ноктите на нозете секогаш да бидат уредно потсечени. За поубав и повпечатлив изглед на вашите стапала изберете соодветен лак за нокти кој совршено се вклопува со вашата облека.

Летото е период во кој стапуваат на сила отворените модели на обувки кои ги откриваат стапалата. Затоа неопходно е грижата за вашите стапала да стане дел од вашите секојдневни навики за убави и нежни стапала, па со задоволство да имате што да покажете.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Родена: 02.04.1992 година во Крива Палнка Основно образование(1998 -2006), ОУ “Илинден” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2006-2010), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2016 година) Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Признание од доктори.мк за особен придонес во здравствената едукација во Република Македонијс Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of Haepatite A virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Makovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа Кристина за Доктори: Доктори.мк е сајт кој го следам од самиот негов почеток. Во него гледам голем проект кој се реализира и ги надминува сите очекувања. Горда сум што добив можност да бидам дел од овој тим кој е полн со амбиции. Верувам дека Доктори.мк понатаму ќе стане симбол за он-лајн медицина во Македонија и пошироко.