Продолжуваме со рубриката “Воени повреди”, денес прочитајте како настануваат воените повреди на главата, нивно препознавање и третман …
Кај повреди на главата треба да се запазат следниве принципи
Ургентна нега
-интубација на пациенти во безсознание
-контрола на крварењето
-вратот и главата да се имобилизираат во неутрална позиција
-да се претпостави дека хипотензијата е резултат од хиповолемијата, и да се бара изворот на крварењето во градниот кош, абдоменот или екстремитетите повреда на главата самата по себе не дава хипотензија освен во касните фази пред мозочна смрт
-ако повредата е пенетрантна и истекува церброспинална течност, треба да се даде вакцина против тетанус и антибиотици
Клиничка проценка
Глазгов кома скалата е едноставн и корисен алат за проценка на степенот на комата и промените на состојбата на пациентот.
На пациенти со скор под 8 на скалата им е потребна интубација и вентилација, што поретко е можно во воени услови.
Респирација
Акутно покачување на интракранијалниот притисок се рефлектира со намалување на бројот на респирациите
Крвен притисок
Пораст на интракранијалниот притисок најчесто е асоциран со пораст на систолниот притисок, брадикардија, зголемена амплитуда на пулсот. Забрзаниот пулс е лош прогностички знак, освен ако е предизвикан од други причини, како хиповолемија.
Температура
Променлива температура исто може да биде знак за повреда мозокот.
Основен физикален преглед
-Идентификација и асосијација на повредите, целосен преглед на пациентот нотиранње на мали повреди на черепот, тие можат да се индикации за пенетрантни повреди на мозокот
-палпација на сите лацерации на главата, тоа е единствен начин да се откријат депресиони фрактури на черепот
-периорбиталните ехимози се знак за фрактура на покривот на орбитата, при крварење од увото треба да се помисли на темпорална фрактура, а при ехимози зад увото на мастоидна фрактура
-исто се нотира дали има истекување на цереброспинална течност
Хируршка интервенција
Пенетрантни повреди, главната цел е да се отстрани нечистотијата и некротизираното ткиво со ексцизија на раната, да се воспостави хемостаза, раната добро да се измие, ако е можно дурата треба да се репарира, ако не да се остави отворена, важно е да се има покривка од кожа над коскениот дефект
Депресиони повреди на черепот, ако пациентот е без симптоматологија и нема искусен неврохирург овие повреди не би требало да се отвараат во воени услови
Затворен интракраниален хематом, овие повреди се ретки во воената хирургија, но некогаш може да се сретнат понекогаш
Постоперативната нега, вклучува, понатамошно давање антибиотици, елевација на главата, контрола на температурата на телото, рестрикција на внесот на течности, освен ако тие не се потребни да се корегира хиповолемијата, диуретици, антиконвулзанти итн.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-