Прва стоматолошка посета на Вашето дете

0

Првата посета на стоматолог во оваа рана фаза е од големо значење. А, детето во тоа време се уште е сосема здраво бебе со здрави заби и оваа посета е посета во која генерално треба да се едуцираат родителите за тоа како да се одржи здравјето на забите на нивните деца.

  •  Се препорачува првиот стоматолошки преглед да биде кога детето ќе наполни најкасно 12 месеци.
  • Важно е првиот преглед да се направи најкасно 6 месеци по појавата на првиот млечен заб.

Кога започнува четкањето на забите?

Родителите често го поставуваат ова прашање. Додека бебето е се уште без еден заб, треба да започне да се одржува оралната хигиена. Со чиста газа натопена во вода, исчистете ги непцата на бебето и внатрешноста на образите. Со доаѓањето на првиот заб во устата, е почетокот на нивното миење, и мала, мека четка, во прво време без паста за заби. Типот на четката се прилагодува на детето.

Четкање на забите во оваа возраст е многу непријатно искуство за малото дете и родителите. Тука се и некои совети! Сместување на детето во лежечка положба, со главата крената малку во својот скут, или ако детето стои, поставете го со грбот према вас, главата малку навалена назад и така ги миете неговите заби,прво вие, а подоцна самото. На детето треба да му се даде огледало, така што тоа може да ги следи вашите чекори. На оваа возраст, децата ги имитираат своите родители, па тоа придонесува и да го совладаат четкањето на своите заби.

Дали е важно да се мијат забите пред спиење?

Совет на секој стоматолог е вашето дете да ги мие забите после секој оброк, но тоа е сигурно најважно да одвоите време за четкање заби пред спиење. Било кое друго неуспешно или изоставено четкање на забите се простува, но не и ова. Ако не се измијат забите пред спиење, меките наслаги, остатоците од храна, и големи количини на бактерии остануваат на забите и непцата, а пред нив е цела ноќ за оштетување на забната структура која предизвикува расипување на забите – кариесот се јавува:

 

  1.  Во јамите и фисурите на задните заби – фисурни кариес
  2.  На апроксималните, односно. странични контакт површини на млечните заби – апроксимални кариес
  3.  На вратниот дел од круната на млечните заби – циркуларни кариес, кој е најтешко кариозно заболување на млечните заби.

Во текот на денот, кога детето е будено, плунката е обилна, што до некаде помага за чистење на забите. За време на спиењето плунка се излачува во многу помали количини, така што тогаш недостасува т.н. физиолошко чистење на забите. Сето ова укажува на тоа дека детето не треба да оди директно во кревет без основното четкање на забите.

Како да ги миете  забите на вашето дете?

Обликот, големината и цврстината на четката се прилагодени врз возраста на детето. Малото дете не знае правилно да ги мие забите. Родителите во стоматолошката ординација се едуцираат и своите сознанија постепено ги пренесуваат на детето. За вечерното четкање одговорни се мајката или таткото, се до 8-10 годишна возраст на своето дете. Секои 2-3 месеци старата четка треба да се замени со нова четка за заби. Родителот, исто така, треба да го учи своето дете да користи забен конец за недостапните површини на забите, кои истата четка за заби не може да ги опфати.

Како да се провери дали забите се темелно измиени?

Дали забите се темелно исчистени или не, родителите можат да проверат лесно, минувајќи околу нивните вратови со најобична чечкалица за заби. Ако при контролата на врвот на чечкалицата за заби се видат белузлаво – жолтеникави наслаги, потребно е да се повтори овој процес.

Ефективноста на четкање на забите може да се провери и со безопасни бои (во форма на раствор или таблета), кои наслагите – денталниот плак на забите го прават видлив.

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Елена Јевтиќ е родена во 1988г во Битола. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз - Тито" - Битола, природно-математичка насока во 2007г. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Нови Сад, Панчево во Јули 2013г. -Доктори.мк претставува место каде што можете да дознаете многу повеќе за Вашето здравје, неговата првенцијата и тераписките модалитети од стручен тим на соработници. Особено задоволство е да бидете дел од еден таков тим на успешни и докажани здравствени лица.