Џвакате мастика кога сте нервозни или под стрес? Џвакате ли после секој оброк, затоа што четката за заби не ви е при рака? Најдобро би било да престанете тоа да го правите, а еве и зошто!
Јадете помалку овошје, а повеќе брза храна
Џвакањето мастика пред оброкот е препорачливо, затоа што на тој начин се смалува гладтта и јадете помалку? Џвакањето мастики со вкус на нане влијаат на смаленото внесување здрава храна во организмот и ја зголемуваат желбата за брза храна, како што се чипс и слатки.
Џвакањето мастики може да предизвика болки во виличните коски
Тоа може да предизвика симптоми на пореметување на темпоромандибуларниот зглоб, кој вклучува болка во вилицата поврзана со мускулуте за џвакање и зглобовите кои ја поврзуваат долната вилица со черепот. Претерана употреба на било која група мускули и зглобови може да предизвика болка и проблеми. Се случува мускулите на вилицата, главата и вратот да се згрчат, па со текот на времето можат да создадат главоболка и болки во ушите и забите. Наместо да џвакате мастика, изедете јаболко, кое ги задоволува потребите за џвакање, а во исто време, го смалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања.
Можат да се јават проблеми со органите на системот за варење
Синдромот иритирани црева е пореметување кое се карактеризира со бол во пределот на абдоменот, грчеви во стомакот и промени во однесувањето на цревата. Џвакањето на мастики можи да го предизвика овај синдром, бидејќи воздухот кој е отповеќе може да се проголта, што предизвикува надутост и бол во пределот на абдоменот.
Ги расипува вашите заби
Да се избегне ефектот на лаксатив, вештачки засладувач, во мастиките се додаваат засладувачи на база на шеќер, но и тоа има свој негативни ефект. Мастиките кои се засладени со шеќер ги опколуваат забите во шеќер и затоа доаѓа до нивно расипување.
Џвакате нуспродукт
Ланолин, состојка која се наоѓа во препаратите за нега на кожата, ја одржува мастиката мека. Тоа не звучи страшно се додека не дознаете дека таа состојка се добива од секретот на лојните жлезди на овците. Количината ланолин која се употребува во мастиките за џвакање не е штетна за здравјето, но може да биде непријатна ако се проголта.
Пуштате жива во својот организам
Амалгамските пломби се состојат од комбинација на жива, сребро и калај. Истражувањата докажале дека мастиката можи да ја ослободи живата од пломбата и на тој начин влегува во организмот. Високото ниво на жива во организмот може да предизвика неуролошки проблеми, хронични болести и ментални пореметувања. За среќа, малата количина која се ослободува од амалгамските пломби не е толку штетна, затоа што лесно минува низ системот за варење. Но сеедно – дали ви се допаѓа идеата во вашиот организам да се наоѓа метал?
-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-