Можноста да го истиснете вашето млеко, ви нуди поголема слобода во движењето. Млекото, може да му го даде на бебето и некој друг член на семејството додека вие сте отсутни.
Постојат повеќе начини на истиснување на млекото, меѓу кои рачно, со рачна пумпа или пумпа на батерии.
Истражувањата покажуваат дека свежо измолзено мајчино млеко, може да се чува на собна температура (околу 26 С0 до 6 часа или на температура 18С0 – 22С0 до 10 часа. Сепак, се препорачува доколку не се планира употреба во првите 4 часа, да се стави во ладилник. На температура од 4С0 млекото може да стои до осум дена. Длабоките замрзнувачи овозможуваат и подолготрајно чување на млекото. Постојат различни садови за чување на млекото. Добар избор се садови од цврста проѕирна пластика. Мајките ја одбираат пластиката заради нејзината практичност, а некои градинки не прифаќаат стаклени садови заради можноста од кршење.
Мајки, нема ништо поубаво и поздраво од мајчиното млеко. Давајте му го на вашето бебе во секое време кога ќе посака, и доколку не можете преку доењето, тогаш преку направете го тоа преку складирање на млекото. Така вашето бебе ќе биде најзадоволно.