Како да го победите ноќниот напад на глад?

Постои правило дека не треба да се јаде никаква храна два часа пред легнување. Но, како по некое непишано правило, желбата за храна е поголема ако работите во текот на ноќта или доколку учите доцна навечер. За да го одбегнете бавниот метаболизам во текот на ноќта, направете си мала здрава ужина.

 

Ноќна ужина до 200 калории

Најпрво треба да ја одредите калориската вредност на ужината. До 200 калории е прифатливо за вечерен оброк. Покрај калориската вредност, за да биде оброкот и здрав, одредете од што ќе се состои истиот и тие намирници ставете ги на дофат на рацете. Тоа може да биде: шоља житарки со млеко, топло чоколадо, јогурт или овошје. Но, немојте да ги консумирате сите овие намирници бидејќи ќе се надмине бројот од дозволените 200 калории.

Ноќен напад на глад или јадење од досада?

Во зависност од тоа колкава количина од ужината што сте ја подготвиле сте изеле, ја одредувате границата дали навистина имате ноќен напад на глад или само јадете од досада. Се смета дека ужината не е поврзана со глад доколку секогаш кога посегнувате по храна седите и гледате ТВ, а не поставувате јадење на масата. Доколку не можете да се откажете од оваа навика, обидете се навечер наместо ТВ, да направите ноќна прошетка.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!