Кои витамини и минерали им се неопходни на жените?

За женското здравје да функционира без никакви проблеми и застој, неопходни се одредени витамини и минерали. Тие освен за здравјето, важни се и за изгледот.


Железо

Кога во организмот нема доволно железо, е јавува општа слабост која кај жените е трипати почеста отколку кај мажите. Овој минерал има главна улога во снабдувањето на клетките со кислород и е многу важен за одржување енергија. До менопаузата на телото дневно му е потребно 18, после тоа 8, а во бременост 27мг железо. За подобро да го иккористите овој минерал од храната истовремено консумирајте го со Витаминот Ц.


Магнезиум

Многу е важен за зајакнувањето на имунитетот, здравјето на коските, мускулите и нервите, а е одличен во заштитата од стрес.

Калциум

Важен е за градбата на коските и мускулите и одржувањето на здрав крвен притисок. Ако го нема доволно во организмот може да се чувствува нервна осетливост, несоница, тахикардија, мускулни грчеви. Во случај на поголем недостаток на калциум, се чувствува вкочанетост, трнење во рацете и нозете, болки во мускулите. Недостатокот на калциум се одразува и на убавината и здравјето на косата и ноктите. До менопаузата на жените им е потребно 1000мг калциум, а после тоа 1200мг. Треба да се зема неколку пати во денот и притоа да се внимава поединечната доза да не биде поголема од 500мг.

Фолна киселина

Фолната киселина е многу важна за изградбата на нови клетки, функционирањето на мозокот, менталното и емоционалното здравје, затоа што спречува раздразливост, го чува срцето и крвотокот. Особено им се препорачува на трудниците затоа што недостатокот може да доведе до вроден невролошки дефект кај детето. Редовното внесување на фолната киселина може да спречи депресија, па дури и постпородилна. Препорачана дневна доза е 400микрограми. Таа се применува посебно, во комплексот Б витамини или во мултивитамински препарати.

Витамин Д

Се работи за хормони задолжени за “впивањето ” калциумот со што се спречува остеопорозата, ја штити кожата од оштетување и инфекции, го одржува имунолошкиот систем, работата на штитната жлезда. Дневна препорачана доза е 2,5 микрограми, а за трудници до 10. Поголеми дози од овој Витамин се потребни во зима.

Витамин Б7 (БИОТИН)

Задолжен е за претворање на шеќерите во енергија, метаболизам и здравје на кожата.

Витамин Б12

Го чува мозокот, важен е за здравјето на нервите и крвните клетки, помага во изградбата на DNK и спречува појава на анемија.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!