Со правилниот избор на исхрана може да ја регулирате подуеноста во стомакот. Во продолжение ви претставуваме избор на храна која треба да ја консумирате во поголеми количини, како и храна која треба да ја избегнувате…
Повеќе треба да јадете…
- Пробиотски јогурт – кој помага во одржување на рамнотежата на цревната флора, но тоа го прави само оној јогурт кој содржи активни јогуртни (био) култури. Доколку секојдневно го пиете имате можност да го забрзате намалувањето на телесната тежина, а со тоа да го намалите и обемот на стомакот.
- Зеленчук – доколку го консумирате во големи количини, ја поттикнувате работата на дигестивните ензими.
- Вода – за да ја забрзате работата на бубрезите потребно е да испиете околу 2 литри вода дневно. Со водата полесно ќе се ослободите од токсините и отровите во организмот. Се смета дека најубаво е да се пие вода 15 минути пред јадење или 1 час после јадење.
- Магдонос – е билка која се додава во секое јадење. Таа е природен диуретик и поттикнува излачување на вишокот течности од организмот. Се смета дека е природен лек за намалување на високиот крвен притисок.
- Житарки – изобилуваат со диетални растителни влакна. Ја забрзуваат работата на цревата, а со тоа ја намалуваат подуеноста во стомакот.
Избегнувајте да јадете….
- Мешункаст зеленчук – се препорачува да не се јаде особено во деновите пред месечниот циклус. Гравот, леќата, грашокот, брокулата се зеленчуци со висока нутритивна вредност.
- Газирани пијалоци – јаглеродниот диоксид во нивните меурчиња е причина за создавање гасови и чувство на подуеност во стомакот.
- Сол – ја врзува водата во организмот. Доколку јадите пресолени јадења, бидете сигурни дека ќе чувствувате надуеност во стомакот поради преголемото количество вода кое ќе го испиете.
- Гума за џвакање – со самото џвакање вие голтате воздух кој останува заробен во стомакот и предизвикува надуеност.
-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-