Топ десет здрава храна за деца

Желба на родителите е да имаат здрави и силни деца. Но, за да биде тоа така, тие треба да ги научат уште од најраното детство да ја консумираат здравата храна и корисните намирници. Во продолжение ви ги претставуваме топ 10 намирници кои спаѓаат во здрава храна за деца која е од особено значење за правилниот раст и развој на детето.

  •  СПАНАЌ – Овој зеленчук е вистинска витаминско минерална бомба. Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот и калциум кој им е најпотребен на коските и забите.

  •  ЈОГУРТ – Во себе содржи активни бактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.
  •  ЖИТАРКИ – Овие намирници брзо го снабдуваат организмот со енергија и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Богати се со витамини, минерали, лесносварливи белковини и минимална количина на масти. Содржат и бета-глукагон кој го намалува нивото на шеќер во крвта.

  • ДОМАТИ – Во себе содржат провитамин А, железо, цинк, калиум. Во него има Витамин Ц исто колку и во лимонот. Богат е и со ликопен антиоксидант кој го штити организмот од слободните радикали.
  •  ПИЛЕШКО МЕСО – Ова месо е богато со Б-витамини, селен, железо, фосфор и цинк. Содржи и белковини кои се неопходни за растот и развојот на детето.

 

  • ТИКВА – Содржи многу каротин и аскорбинска киселина и добра е да се јаде поради тоа што го јакне имунитетот.
  • ГРАШОК – Содржи многу белковини, растителни влакна, Б-витамини, фолна киселина и минимална количина масти. Го намалува нивото на холестерол во крвта, а сите корисни материи ги содржи и мешунката на младиот грашок.

  • ЈАБОЛКО – Важна ужинка која мора да се јаде во било каков облик.
  • БРОКУЛА – Богата е со витамин Ц, каротин и хранливи влакна, а содржи и материја која го зголемува нивото на белковините и ги уништува канцерогените клетки.

  • ЧАЈ – Во чајот има многу флуор кој делува полезно врз емајлот од забите и придонесува за неговото зајакнување и спречување на појавата на кариес.

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Др. Кристина И. Стојаноска Алоска е родена во Охрид, 1984 година. Средно образование завршува во родниот крај, во гимназијата „Св. Климент Охридски“, природно- математичка насока, во 2003година. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2008 година. Со работна лиценца за доктор по стоматологија се стекнува по положување на државниот испит во 2009 година. Во соработка со ОО Црвен крст - Охрид издава две брошури поврзани со оралното здравје. По повод Неделата на забоздравствена заштита, во 2014 ја издава Брошурата „ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ наменета за најмладите во која се опишани правилата за здрави заби што треба секое дете да ги знае. Следната, 2015 година, за истата цел ја издава брошурата „НАСМЕВКА БЕЗ КАРИЕС“, на малку повисоко ниво, наменета за сите родители и деца, во која се опишани сите нешта поврзани со кариесот и тоа како да се спречи. Во 2017 година издавачката куќа ЕДУКА МАК ја издава нејзината книга со 10 раскази на тема орално здравје, напишани како поезија во проза, со наслов „НАСМЕВКА ЗА ПЕТКА“. Работна пракса како доктор на стоматологија извршува во Стоматолошката ординација "ЕТАДЕНТ" во Охрид, чиј сопственик е од 2019 година. Доктори.мк е портал кој на популацијата и овозможува да согледа многу проблематики од областа на здравството и да научи многу совети и факти за животот , исхраната и здравјето. Мапата претставува одличен и најбрз начин преку кој може да се лоцира доктор или некоја медицинска установа. Особена чест и огромно задоволство ми претставува што сум дел од тимот на Доктори.мк и искрено се надевам дека преку моите статии читателите на Доктори.мк ќе научат многу проблеми од областа на стоматологијата. Доктори.мк според мене е par excellence портал од областа на здравството во Македонија. Големо БРАВО за основачите!!!