Oпасно зрачење

0

Доколку вашата работа бара да поминувате неколку часови пред компјутерот, кажете збогум на убавата кожа и младешкиот изглед. Електромагнетното зрачење ги поттикнува сите дегенеративни промени во нашето тело и значајно го забрзува процесот на целокупното стареење.

Како зрачењето влијае врз кожата?

Првите видливи знаци се јавуваат на кожата на лицето која ја губи свежината, станува бледа, жолтеникава, слабо прокрварена, се исушува и задебелува. Истото важи и за нежната кожа околу очите каде борите се множат и продлабочуват, а подочниците отекуваат и стануваат потемни.

 

Зошто кожата страда до таа мера?

Затоа што е прва на удар. За да го намали негативното дејство на зрачењето врз организамот, кожата го зголемува своето ниво на електричен отпор. Нормалниот електричен отпор на кожата изнесува 5 – 20 килооми. Ако седнете поблизу до телевизорот, отпорот на кожата расте до 70 – 100 килооми. При изложување на подолг период, кожата ја губи битката.

Електромагнетното зрачење и другите органи

Електромагнетното зрачење има штетно дејство врз секоја жива клетка, бидејќи го менува поларитетот на клеточната мембрана и го нарушува нејзиното функционирање. Научни студии од САД опоменуваат дека разговор на мобилен телефон од 2мин. предизвикува отежнато помнење во траење од еден час, а престој подолг од 5 саати пред телевизор предизвикува низа нервни оштетувања. Кај жените доаѓа до хормонални промени и предвремено стареење на организмот кое не се одразува само со лошиот изглед на кожата, туку и со нарушување на менструалниот циклус, појава на стерилитет, спонтан абортус, предвремен климактериум или засилени климактерични тегоби.

Научни истражувања

Научниците ширум светот, со децении се трудат да пронајдат некој вид заштитник т.е. неутрализатор на овој тип на зрачење, а со тоа и да се загарантира нашиот опстанок на планетата, бидејќи современиот начин на живот е незамислив без електрична енергија, домашни апарати, телефони, компјутери, телевизори и други извори на електромагнетно зрачење.

Д-р Љубица Миќуновиќ е родена на 18 февруари 1986 година во Охрид. Основно и средно образование завршила во родниот крај. Веднаш по средното образование се запишала на Медицинскиот факултет во Скопје, отсек општа медицина. Дипломирала во јули 2010 со просек 9,65. Во текот на стажирањето посебно интересирање побудила кон анестезиологијата и интензивното лекување, поради што запишала специјализација по анестезиологија со интензивно лекување. Активно ги следи новитетите во областа на медицината и учевствува на семинари и конгреси. На 31-виот Интернационален медицински научен конгрес одржан во Охрид 2008година земала учевство со темата: „Pemphigus vs. Carcinoma“. -Голема чест и привилегија е да се биде дел од тимот на доктори.мк. Многу сум благодарна што ми е укажана можноста со заеднички сили на моите колеги и посетители на оваа веб страна да бидеме чувари на здравјето, да ги откриеме и разјасниме сите заблуди, да презентираме нови научни откритија и со тоа да бидеме побогати со знаење а со тоа и способни за живот. Треба да се води сметка! Овој живот не трае милион години, туку еден ограничен период, па секој ден е мало богатство. Затоа „живеј мудро, живеј здраво“.