Промени во устата при анемични состојби

0

Скоро сите хематолошки заболувања се одразуваат врз здравјето на оралната лигавица. Промените во усната празнина може да се јават пред клиничката манифестација на болеста,или пак во склоп на заболувањето. За стоматологот е особено важно добро да ја познава симптоматологијата затоа што често пати се случува во стоматолошката пракса стоматологот да се сретне со овие заболувања а некогаш дури и прв да се посомнева на некое од овие заболувања и да го упати пациентот  на соодветен специјалист на понатамошна дијагностичка и тераписка постапка.

Оралните манифестации при анемичните заболувања настануваат заради метаболички пореметувања во епителот на оралната лигавица која е многу осетлива и при најмало пореметување при снабдувањето со крв. Промените се случуваат на сите структури на оралната лигавица со изразена атрофија на епителот, а најчесто се зафатени јазикот, гингивата а на останатие структури промените се во вид на улцерација и инфламација. Секако дека во клиничката манифестација улога има и оралната хигиена.

Анемија (слабокрвност)

Оваа состојба се карактеризира со намален број на еритроцити (Er) во периферната крв што секогаш е проследено и со намалена количина на хемоглобинот(Hb)

Нормалните вредности за еритроците во крвта изнесуваат:

  • 4,5-6,3×10 на 12\l за жени
  • 4,2-5,4×10 нa 12\l за мажи

Референтната вредност пак за хемоглобинот изнесува:

  • 140-160 g\l за мажи
  • 120-160 g\l за жени

Анемиите често пати тешко се откриваат на почетокот затоа што имаат блага и неспецифична симптоматологија.

Сидеропенична (хипохромна) анемија

Овој тип на анемија е најчест во секојдневната пракса. Се јавува заради недостаток на железо. Причини за тоа може да бидат:

  • Лоша исхрана (исхрана сиромашна со белковини, без месо)
  • Губење на крв (подолго менструално крварење, пептичен улкус, примена на аспирин)

Клиничка манифестација

Во однос на клиничката манифестација се јавуваат општи симптоми кои се неспецифични а се резултат на намаленото крвоснабдување на клетките.

Општи симптоми – карактеристични за сите видови анемии

  • главоболка
  • замор
  • тахикардија
  • бледило на кожа и слузокожа
  • крутост и кршливост на нокти и коса

Орални манифестации на сидеропеничната анемија

Од оралните манифестации карактеристични се:

  • на јазикот се присутни атрофицни промени на филиформни и фунгиформни папили заради што јазикот добива карактеристичен изглед:станува мазен сјаен со црвена боја како да е полиран. Промените на јазикот се пропратени со субјективно чуство на печење и жарење.
  • гингивата е бледа,често е присутна инфламација од типот на катарален или хиперпластичен гингивит.
  • на аглите на усните може да има присутен ангуларен хиелит со присутно црвенило фисури и рагади
  • на румениот дел од усните можно е присуство на ексфолијации фисури рагади

Пернициозна (хиперхромна, мегалобластна) анемија

Овој тип на анемија настанува заради пореметување на синтезата на хемоглобин како резултат на недостатонк на витамин  Б12 или фолна киселина.Скоро секогаш оваа анемија е поврзана со дефект во гастричната мукоза, поточно дефект на париеталните жлезди кои лачат внатрешен(intrising) фактор кој е многу важен за ресорпцијата на витаминот Б12 внесен со храната. Самиот витамин Б12 е битен за созревањето на еритроцитите.

Освен општите знаци карактеристични за сите типови анемии присутни се и специфичните орални манифестации:

  • на јазикот се јавуваат атрофични промени,атрофија на филиформни и фунгиформни папили, јазикот е болен посои чуство на печење и жарење отежнато голтање.Ова е т.н атрофицен HUNTER-MOLLEROV GLOSITTIS.
  • Атрофичните промени ја зафакаат и јазичната мускулатура заради што јазикот е млитав. Ако на пациентот му сугерираме да го испружи јазикот, се забележува попречна анемична ареа.Тоа е т.н ARNT-ов знак.
  • гингивата е бледа,подлозена е на петехијални крварена кои се јавуваат на провокација или при земање на цврста храна,при четкање на забите.
  • на орална лигавица се присутни ерозии.

Апластична анемија

Овој тип на анемија се карактеризира со намален број на еритроцити,леукоцити и тромбоцити ,состојба позната како панцитопенија.Таа е последица на дисфункција на коскената срцевина.Заболувањето може да биде примарно и секундарно.

Примарната форма е вродена и се јавува усте од детска возраст.

Секундарната форма е карактеристична за млади и возрасни и може да биде предизвикана од:

  • jонизирачки зрачења
  • може да биде професионално заболување т.е да се јави кај работници вработени во индустријата за гума,лекови инсектициди
  • лекови(антибиотици, препарати на злато,соли на тешки метали)

Овој тип на анемија се карактеризира со следните симптоми:

  • малаксаност, замор ,бледило,нерасположение,губење на апетитот
  • заради намаленит број на тромбоцити се јавуваат:пурпура и склоност кон крварење,петехијални крварења на усната слузокожа,крварења од гингива спонтани или провоцирачки
  • заради намалениот број на леукоцити се јавува склоност кон инфекции,појава на улцерации покриени со бел налеп,непријатен мирис од уста(fetor ex ore)
  • заради намален број на еритроцити атрофични промени на јазикот

Хемолитичка анемија

Овој тип на анемија настанува како последица на разорување на еритроцитите. Се јавува во тек на некои инфективни заболувања, алергиски реакции после давање трансфузија на крв како трансфузиона реакција. При тоа во организмот се создаваат антитела кои ги напагаат и уништуваат сопствените клетки  во овој случај еритроцитите, при што тие се распагаат. Овој тип на анемија ги има сите симптоми како и другите анемии а карактеристично е тоа сто кожата добива жолта пребоеност а урината е потемна од вообичаено. Исто така и оралната манифестација е иста.

 

Важни препораки

Кој и да било тип на анемија да биде, стоматологот е должен да се консултира со хематолог затоа што најчесто и самите пациенти не знаат дека имаат анемија, а промените на оралната лигавица ги забележува прво стоматологот при преглед.

Оновната терапија ја спроведува хематологот.

Стоматолошката терапија се состои во испирање на устата  со благи антисептици со цел да се отстранат остатоците од храна,се до моментот кога постојат услови за остранување на наслагите што зависи од крвната слика.

Исто така треба да му сугерираме на пациентот за одржување на орална хигиена. За таа цел се препорачува најмеки четкици(extra soft) за да се избегне ризикот од крварење од гингивата.

Доколку пациентите со анемија имаат потреба од некоја интервенција мора да имаат антибиотска застита и тоа еден ден пред интервенција за време на интервенцијата и два дена после интервенцијата.

Од особена важност е и следењето на крвната слика на пaциентите со анемии со цел да се увиди состојбата на еритроцитите како и на леукоцитите и тромбоцитите особено ако пациентите примале соодветна терапија.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Марина Прентовска е родена на 12.08.1982 година во Охрид. Средно образование завршува во ДСМУ "Д-р Јован Калаузи" - Битола. Дипломира на Стоматолошкиот факултет при универзитетот "Св.Кирил и Методиј" - Скопје во 2009 година, каде се стекнува со титулата доктор по општа стоматологија. -Доктори.мк е одлично место каде што може да се изнесат знаењата и искуствата од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, давајќи интересни, информативни и корисни совети за читателите. Драго ми е што сум дел од тимот на Доктори.мк.