Чајот – кога е бенефиција, а кога измама за болните?

0

Секојдневно, како на интернет, така и на сите други медиуми кои промовираат современа медицина низ светот се рекламираат различни чаеви за кои се вели дека се чудо на природата. Чајот се рекламира како нешто што природата го создала со цел да им помогне на луѓето во одреденени заболувања. Сепак дали чајот е она што навистина ни треба?

 

Лекарите како и сите научници не ја забрануваат употребата на чајот, напротив ја рекламираат и потикнуваат, но сепак не ја ставаат на прво место, зошто? Зарем ако чајот е нешто кое навистина многу помага на нашиот организам зошто научниците не не советуваат да го конзумираме енормно? Затоа што состојките во чаевите сеуште не се доволно истражени, и не постојат цврсти докази за било кој нивен ефект. Медицината како наука не верува на ништо што не е докажано.

Нешто што досега површински е  докажано е фактот дека:

  • Чајот го намалува ризикот за појава на рак

Неколку десетици истражувања биле спроведени во врска со чаевите и нивното дејство врз оваа сурова смртоносна болест. Резултатите покажале дека пиењето на зелен чај 2-5 шољи дневно го намалува двојно ризикот за појава на рак.

  • Чајот го намалува ризикот за појава на Паркинсонова болест

Студиите кои досега биле спроведени за црниот и зелениот чај откриле дека со секојдневното користење на овие два чаеви значително се намалува ризикот за заболување од Паркинсонова болест во подоцнежните години.

  • Чајот го намалува ризикот за појава на срцев и мозочен удар

Истражувањата исто така покажале дека чаевите како што се црниот и зелениот играат важна улога за регулација на крвниот притисок, па поради тоа и го намалуваат ризикот за појава на срцеви и мозочни заболувања.

На што во врска со чаевите особено треба да внимаваме?

  • Треба да знаеме дека кога научниците мислат на чај, мислат на зелен, бел, црн, камилица, нане или сличен.

Не мислат на секакви видови чаеви кои можеме да ги најдеме низ маркетите, а каде што има додавано разни други материјали, бои, ароми и слично.

  • Чаевите НИКОГАШ не смеете да ги заменувате со стандардната терапија.

Значи доколку имате проблеми со некоја болест, никако не наседнувајте на реклами во врска со некои “чаеви со неверојатна моќ”  колку и да се рекламирани и поткрепувани со примери кои ќе ја докажат нивната неверојатна моќ,  имајте на ум дека сигурно се тотална измама, и такви реално со сигурност не постојат. И никако не ги земајте наместо стандардната терапија која докторот ви ја препишал.

  • Не постојат чаеви што лекуваат малигни болести!

За жал се почесто денеска се среќаваме со разни реклами кои убедуваат за извонредната моќ на нивните чаеви во  лекување на малигни промени. Ова е чиста измама и обид за печалење пари на грбот на унесреќените болни.

Не наседнувајте! Ниедна студија во светот нема покажано доказ за ниеден чај, смеса или било што,  кое досега успеало да уништи некоја малигна болест, сите тврдења на локални исцелители се само обични предпоставки, неосновани, вештачки креирани, само за печалење пари врз грбот на болните и немоќни пациенти.

Како да препознаам измама?

Доколку веќе сте оперирани од некоја малигна болест, дијагностицирана ви е бубрежна или срцева слабост, за која докторите не даваат многу поволни прогнози, е тогаш обично веднаш сте мета на неверојатни исцелители. На вашата врата веднаш ќе се појават луѓе кои ќе ви понудат, чај- чудо на природата, со чие пиење неверојатно ќе оздравите и тоа за само 30 дена, а притоа ќе платите само 5 000 или 6 000 ден. Не наседнувајте – измама е.

Доклку исто така веќе сте оперирани од некоја малигна болест, а притоа ви е одредена некоја тешка терапија како хемотерапија или радиотерапија, тогаш очекувајте на вашата врата луѓе кои ќе ве убедуваат дека хемотерапијата е измама на фармацевската мафија и како лекот е пет пари (100 или 200 eur) секако станува збор за чај, и како тие го имаат вие само треба да го купите и неверојатно ќе бидете излечени. Имајте на ум ако било што се пронајде поефикасно од хемо или радиотерапијата веднаш ќе биде спроведено, лекот против рак го бараат илјадни научници ширум светот, тие што се на вашата врата, измамници се.

Секојдневно на вашата врата, улица или на интернет се појавуваат билкари, стари луѓе кои ве убедуваат дека десетици години на назад излечиле многу болни со некоја неверојатна билка (обично споменуваат контроверзни растенија обично забранети т.е. наркотични за да предизвикаат внимание) и дека таа е се што ви треба за вашиот имунитет да достигне максимум, и вашата болест да стане минато, не наседнувајте измама е, не земајте ни за проба освен што нема да ви помогне може и да ви наштети.

 

Целта на оваа статија ми е да ги предупредиме луѓето кои се болни од потешки заболувања без разлика дали се работи за карцином или нешто друго, да не наседнуваат на измамници во вркса со чаевите и да не си ги даваат и последните пари само за да земат нешто што сигурно нема да им помогне.

Чајот е благодет, конзумирајте го секогаш и секаде, но запамтете чајот не е лекчајот е превентива!

-авторски текст, во ниеден свој дел не загрозува туѓи авторски права или овластувања. Не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.