Женски кондом – најбезбедна контрацепција за жената

0

Жените денеска на избор имаат голем број на контрацептиви, разни фармаколошки, хемиски и физички типови, сите на свој начин имаат некоја предност. Оралните контрацептиви според некои студии се добри, но според други студии тие се голем ризик по здравјето на жената. Денес би сакал да обрнеме внимание на женскиот кондом, како најсигурна контрацепција за жените.

 

Кога зборуваме за контрацепција тогаш како најбезбедно средство ќе го споменеме машкиот кондом. Да, тој е најбезбеден и наједноставен и тоа веќе многупати сме го потенцирале. Но што кога жената не сака да се потпре на одговорноста на мажот и сака самата да се заштити? Во тој случај постои женскиот кондом, кој за жал многу малку се користи и во светот, но особено на нашите простори што е голема грешка, тој е достапен во сите аптеки, па неговата набавка вооптшо не би требало да представува проблем.

Женскиот кондом е направен слично со машкиот кондом. Тој има цевчеста форма и два прстени, еден кон внатре и еден кон надвор кои не дозволуваат кондомот да пропадне во вагината во тек на сексуалниот однос. Овој тип на кондом штити скоро со ист ризик како и машкиот кондом. Несакана бременост и полово преносливите болести се покриени во голем процент и ризикот е многу намален, бидејќи кондомот ја покрива лигавицата на вагината.

 

Предности на женсиот кондом

Иако секој од вас најпрво ќе си помисли дека тој е многу покомплициран од машиот кондом, и тој има свои предности кои не се баш занемарливи. Машкиот кондом се навлекува брзо пред самиот акт и е многу компактен, но од друга страна пак женскиот кондом го дава најблиското чувство како незаштитен сексуален однос. Сите истражувања, каде што биле анкетирани млади мажо кои редовно имаат секуален однос покажале дека скоро секој од нив потврдил дека при секуален однос со женски кондом чувството е најблиску со она кога имаат незаштитен сексуален однос. Освен ова женсиот кондом жените можат да го наместат и неколку часови пред односот, немораат да чекаат постигнување на ерекција, што не е случај со машкиот кондом. Женскиот кондом е предност  и кај оние парови каде што некој од партнерите е алергичен на латекс.

 

Недостатоци кај женскиот кондом

Дел од оние помалите недостатоци веќе ги набројавме, а тоа е поскапата цена на чинење за еден кондом, како и малку посложеноста при користењето. Сепак сложеноста не се должи на тоа дека кондомот е сложен за употреба туку најчесто  на се должи на фактот дека ние не сме навикнати на неговото користење. Доколку се користи редовно тој ќе стане рутина како и машкиот кондом. Сепак како главен недостаток кај овој кондом мажите сметаат дека е неговата “гломазност”. Имено, тој може да покрие еден дел од интимната регија на жената што за многу мажи тоа изгледа дестимулативно, односно непривлечно. Исто така и за време на сексот може да се слуша шушкање, што не е случај со машките латекс кондоми, па и ова би го ставиле во категоријата недостатоци.

 

Сепак за да видите дали ви се допаѓа женскиот кондом или не, морате барем еднаш да го пробате, па потоа да оцените. На некои ќе им се допадне на некои можеби не, но како и да е целта на оваа статија ми е уште еднаш да споменам за важноста од редовното користење на контрацепцијата, како и предностите што ги нуди женскиот кондом кој е поприлично заборавен особено на нашите простори.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.