Загадениот воздух може да придонесе за следните заболувања

0

Аерозагадувањето е еден од најважните, променливи ризици врз здравјето, воопшто. Аерозагадувањето е наречено’’ тивок убиец ‘’ од страна на Светската здравствена организација, бидејќи ефектите на аерозагадувањето најчесто одат незабележени и не можат лесно да се измерат.

Познато е дека околу 500 000 смртни случаи од карцином на бели дробови и 1,6 милиони смртни случаи од ХОББ може да се препишат на аерозагадувањето. Аерозагадувањето  се поврзува со малигнитетот, како што е карциномот на мочниот меур и леукемија кај децата.

Развојот на белите дробови кај децата се успорува  со изложување на загадениот воздух, а со тоа се очекува да се јават белодробни заболувања кога ќе пораснат. Аерозагадувањето е поврзано со намалена когнитивна  функција и зголемен ризик од деменција.

Честичките( ПМ) во воздухот кои се помали од 2.5 микрометри, се поврзуваат со успорување на психомоторниот развој и намалено ниво на интелигенција кај децата.

Алергиски реакции и ринит

Добро е познато дека аерозагадувањето може да предизвика егзацербација на алергиските манифестации кај сензибилизирани лица. Клинички-епидемиолошки студии покажале дека загадувањето може кај деца да предизвика рана сензибилизација, и високи вредности на ИгЕ уште во раната возраст.

Има податоци дека аерозагадувањето игра улога и во  развојот и во егзацербацијата на алергискиот ринит. Студија кај претшколски деца покажала дека изложеност на загадување од сообраќајот пренатално и во раната возраст, биле со повисок ризик за развој на  алергиски ринит.

Автоимуни заболувања

Загадувањето на средината, може да го зголеми ризикот од автоимуните заболувања. Белите дробови имаат огромна површина која доаѓа во контакт со огромен број на антигени. Оваа сензибилизација, може да ги направи луѓето склони кон автоимуни заболувања. Загадувањето потенцијално придонесува  кон реуматоиден артрит и системски лупус. Канадска студија покажала зголемена застапеност на реуматоиден артрит во средини со зголемено ниво на ПМ2.5

Канцерогеност 

Изложеноста на бензени од издувните гасови, посебно во пренаталниот период или во првите години после раѓање, поврзани се со ризик од леукемија во детската возраст. Пренатална изложеност на ПМ 2.5 за време на бременоста, може да го зголеми ризикот кај детето за развој на леукемија или астроцитом.

Кардиоваскуларни заболувања 

Студија покажала подеднаква поврзаност на високи вредности на ПМ 2.5 и зголемениот морталитет од  миокардни инфаркти, , мозочни удари, срцева слабост и висок притисок.  Умерен пораст на нивото на карбоксихемоглобин ( од 3-6%) може да се јави при изложување на издувни гасови, а со тоа да бидат причина за појава на аритмија и срцева болка, кај луѓе со коронарна срцева болест

Когнитивна функција и невролошки заболувања 

Аерозагадувањето има штетни ефекти врз ЦНС, вклучувајќи оштетување на когнитивните функции и зголемениот ризик од  деменција и мозочен удар кај постари лица. Оддалеченоста на местото на живеење од главните патишта, е маркер за изложеност на аерозагадување.

Аерозагадувањето може да го оштети развојот на мозокот, со посебен осврт на оштетување на когнитивни функции во тек на животот. Многу студии покажале дека изложување на ПМ2.5 пренатално  и во првите месеци одживотот, е поврзано со  успорен психофизички развој и пониско ниво на интелигенција.

Напишани се  повеќе од 1000 трудови за аерозагадувањето и аутизмот, кои се поврзани со изложување на  полициклични  ароматични јагленохидрати, дизел издувни гасови, честички, азотен диоксид, озон и сулфур диоксид во пренаталниот и раниот доенечки период, што е потврдено со неколку студии на животни.

Дијабет, обезност и ендокрини заболувања 

Се смета  дека аерозагадувањето се акумулира во висцералното масно ткиво при транзиција од браун во бело масно ткиво, при што може да се влоши инсулинската резистенција, оксидативниот стрес и системска инфламација.

Деца од Мексико Сити, изложени на високи вредности на ПМ2,5, имале повисоки вредности на лептин и ендотелин-1 и пониски вредности на глукагон-лајк пептид-1, грелин( хормон на глад) и глукагон, во споредба со лица кои не живеат во загадена средина. Лептинот бил силно поврзан со нивото на ПМ 2,5 при кумулативни изложувања.

При високи вредности на ПМ 2,5 и  озон во средината се поврзуваат со 12-часовна нагла хиперлептинемија, пореметување на апетит-регулаторните пептиди, дефицит на витамин Д и зголемување на ендотелин-1 кај здрави деца. Деца кои живеат во области со загадување со издувни гасови имаат повисок БМИ, што може да се должи  на метаболни промени, што вклучува и резистенција кон инсулин.

Очни заболувања 

Солзење и иритација на очите може да се случи како реакција на иританси на очите, и е асоцирано со изложување на  озон или азотен диоксид, иако може да делуваат и МП кои ја влошуваа состојбата ако изложените  носат леќи. Коњуктивит е најчесто поврзан со изложување на  озон и азотен диоксид, иако може да влијаат и ПМ10 и сулфур-диоксид.

Хематолошки заболувања

Уште од 1970-тите години е познато дека аерозагадување со олово од бензинот, предизвикува анемија. Други загадувачи од издувните гасови може да придонесат до хематолошки заболувања, или со директно навлегување во крвта при вдишување, или со активирање на инфламаторни реакции во белите дробови, што резултира со инфламаторни заболувања.

ПМ 2.5 создава пореметена коагулација преку активација на тромбоцитите и ендотелот на крвните садови со помош на инфламаторните цитокини.

Заболувања на црниот дроб 

Живеење покрај големи автопати,  каде што е големо аерозагадувањето, е проследено со зголемена преваленца  на хепатална стеатоза. Постојат неколку потенцијални причини  за поврзаност на аерозагадувањето со  такви штетни ефекти на клетките на црниот дроб, преку инфламаторните медијатори, токсичноста врз гените, оштетување на митохондриите и оштетување на други органи, кои секундарно ќе го оштетат црниот дроб. Црниот дроб е  главен орган за детоксикација, на сите штетни материи што влегуваат од надвор, вклучувајќи ги ПМ честичките, кои доаѓаат во црниот дроб за да се разградат.

Бубрежни заболувања 

Бубрегот, кој е многу васкуларизиран орган, е осетлив кон оштетување и на големите и на малите крвни садови, со што води кон оксидативен стрес на ткивото и системски инфламаторни ефекти од аерозагадувањето.

Респираторни заболувања 

Аерозагадувањето  може да делува на секој дел од респираторниот систем и во секоја возраст од животот.   Пренаталното изложување на  аерозагадување се поврзува со визинг и астма во раното детство. Степенот на развој во тек на детството се намалува при изложеност на аерозагадување, а со тоа и степенот на оштетување на белодробната функција со возраста.

Изложување на аерозагадување кај деца, е поврзано со ризик од појава на астма.  Како продолжение на астмата, се јавува и ризик од развој на ХОББ, белодробен карцином и хроничен ларингит. Може да биде и фактор за премин од астма во ХОББ

Заболувања на кожата 

Мултицентрична студија покажала поврзаност на аерозагадување со  почесто јавување на атописки и уртикариелни кожни промени, дермографизам, себореа( но со намалена честота на перут). Изложеноста на надворешно или внатрешно загадување било поврзано со забрзано стареење на кожата, зависно од изложеност на сонце, пушење или други фактори.