ЕКГ претставува графички приказ на електричната активност на миокардот, која настанува како резултат на електрични збидувања на мембраните на миокардните клетки. Потребата за основање на почетен ЕКГ курс е неоспорна. Затоа ја основам оваа рубрика со надеж дека ќе биде од корист на многу студенти по медицниа, и како и на останатите кои сакаат да ги научат основите на брзата и интерпретација на ЕКГ.
Идеата на курсот е да не филозофираме многу, туку да одиме на она што се вика практично важно и корисно, нешто што секој нов доктор треба да го има врежано во себе како стартен дел на својата лекарска кариера …
Основни поими
– Електрокардиографија е метода која ги регистрира електричните активности и ја следи срцевата работа.
– Електрокардиограф е апарат кој ги регистрира акционите потенцијали од срцето, преку поставени електроди на кожата на пациентот.
– Електрокардиограм е запис на електричната активност на срцето на хартија
Стандардиот и современ ЕКГ, користи 12 стандардни одводи за прикажување на срцевата електрична активност. Во понатамошниот приказ ќе ги прикажеме сите одводи и кој одвод кои електрични сигнали ги регистрира, на сликовит начин.