Вкусот на традицијата
Македонија и сите останати држави, имаат традиција на одгледување и приготвување компир. Компирот и порано бил, а и денес е често дел од менито на секое балканско семејство. Во последните години многумина храната со компир ја коментираат како застарена и неправедно ја заменуваат со друга, па затоа овде ќе потсетам на благодетите кои правилно приготвениот компир ги нуди како дел од нашето секојдневно мени.
Нутритивни вредности
Компирот во себе содржи многу јаглехидрати, и тоа баш оние кои се препорачуваат секојдневно да се внесуваат во организмот, освен јаглегидрати компирот е богат со многу растителни влакна кои ја подобруваат работата на цревата и апсорпцијата на хранливи материи. Освен тоа, во компирот се наоѓа и големо количество на витамин Ц – 500 грама компир ја содржат целата потребна дневна доза на витамин Ц за организамот. Освен витаминот Ц, компирот е богат и со витамините Б1, Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, како и магнезиум, калциум и железо.
Но тоа не е се. Компирот содржи и 2% многу важни растителни протеини, кои се неопходни на организамот. Од целиот зеленчук растителните протеини на компирот се од најголемо биолошко значење па потребата за употребувањето на компирот во секојдневната исхрана е повеќе од очигледна.
Иако многу луѓе ќе ви го кажат спротивното, сепак компирот во себе не содржи многу калории. Имено, 100 грама компир содржи само 70 калории, што не се смета во високо калорична исхрана и не пречи во повеќето диети.
Како да се консумира
Компирот од многу одамна го имаме на нашето мени не само затоа што е од голема корист за организамот, туку навистина може да се употребува во многу јадења, и одлично се вклопува во смеса од други состојки.
Го препорачувам варен, како салата и смеса со друг зеленчук.
Не го препорачувам пржен во разни масла.
Мора да се нагласи дека иако покрај многуте хранливи вредности, компирот не се препорачува за дијабетичари.
Секогаш и секаде
Многу овошја и зеленчуци се корисни и се од благодет за нашиот организам, сепак се јавуваат во одредена годишна доба или специјално треба да се купуваат или пак да се конзервираат за да се зачуват при што губат на квалитет, затоа компирот има голема предност, го има секаде, ефтин е и е секогаш свеж и спремен за брзо приготвување.
Па сетете се на него кога на ум ви паѓа некој брз оброк како хамбургер или бурек.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-