Постојат домашни трикови кои ќе ви помогнат да ги олесните проблемите и полесно да се справите со симптомите на настинката, но постојат и такви кои можат само додатно да го исцрпат вашиот организам, без притоа да му олеснат во борбата против сезонскиот вирус.
Како и секоја, така и оваа година, настинката и грипот ќе бидат неодминливи гости во нашите домови. Покачена температура, малаксаност, поспаност, болки во зглобовите, кивање, кашлање и течење на носот се едни од главните симптоми кои го обележуваат присуството на грипот или настинката кај вас или кај некој од вашите блиски. Не паничете, но сепак сфатете ја состојбата сериозно, бидејќи понекогаш грипот и настинката можат навистина да дадат и сериозни компликации.
Навистина постојат домашни трикови кои ќе ви помогнат да ги олесните проблемите и полесно да се справите со симптомите на настинката, но постојат и такви кои можат само додатно да го исцрпат вашиот организам, без притоа да му олеснат во борбата против сезонскиот вирус.
Течности и само течности
Вашиот доктор сигурно досега многупати ви нагласил да пиете повеќе течности. Со течностите ќе му помогнете на организмот побрзо да го елиминира вирусот. Течностите се секогаш добредојдени за организмот, дури и тогаш кога не сте настинати. Тие помагаат организмот полесно да ги елиминира штетните метаболити и да не дозволи истие да предизвикаат развој на патолошки процеси во некое ткиво или орган.
Одморот е важен
Одморот е навистина важен додека сте настинати. Тоа не значи дека не треба да станувате од кревет, меѓутоа немојте да се изложувате на потешки физички активности. Иако меѓу луѓето е проширен митот дека за време на настинка луѓето треба да работат, тоа во целост не е точно. Организмот има потреба енергијата да ја зачува за да може да се бори против вирусот. Со одморањето не само што ќе оздравите побрзо туку и ќе спречите некој друг да се зарази од вас.
Не форсирајте витамин Ц
Не форсирајте со витамин Ц. Витаминот Ц е добар за време на настинка, но нема никаква подобра функција ако го земате во огромни дози. Навистина нема да ви помогне, само можете да се соочите со дијареа, која навистина е најмалку што ви треба во таква состојба.
Какви лекови треба да земам?
Уште од кога ќе почнете да ги чувствувате првите симптоми земете таблетка парацетамол, и витамин Ц (50 мг е сосема доволно). Тие значително ќе ги намалат симптомите, и ќе спречат настинката да се распламти. Можете додатно да земете и ибупрофен доколку имате болки во мускулите и зглобовите.
Внимавајте
Доколку симптомите се влошуваат, темературата помине фебрилно ниво (над 38 Cо), чувствувате и други симптоми како гадење, повраќање, дијареа, вртоглавици, несвестици и сл. веднаш посетете лекар. Доколку е ноќ, посетете ја службата за ИМП. Симптомите на настинка и грип знаат да ископлицираат, но можеби и воопшто не се работи за настинка или грип, затоа секој сериозен симптом е добро да се провери кај вашиот матичен лекар.
-авторски текст, не смее да се користи за коемрцијанни цели и/или реемитување-