Несакани ефекти од вакцинација
Најчесто прашање на секој родител кон докторот кога детето треба да прими вакцина. Секоја вакцина предизвикува одредени нуспојави,но тие се ретки и минливи.
Во нашата држава се употебуваат петтовалентни и шестовалентни вакцини и само кај 5% до10% од децата се појавува малку зголемена температура до 38 степени и можен е оток на местото на боцнувањето.
Најчесто е доволна само облога со ациди борици или лепенка за ладење.Температурата не треба да се симнува под 38 степени бидејќи е потребна заради вакцинацијата и детето да може да се создаде одличен имунитет против болестите за кои се вакцинира.
Само ако температурата е повисока од 38,5 тогаш треба са се даде антипиретик.
Кај 10% од вакциниранте деца со вакцината МПР во рок од 7 до 15 дена може да се појави зголемена темература и ситно исипување, но се повлекуваат по два-три дена.
Вакцините не предизвикуваат аутизам, тој има генетска предиспозиција.
Овие несакани ефекти се благи и сосема занемарливи во споредба со придобивката со вакцинацијата во однос на спречувањето на појавата на заразни болести што носат поголем ризик.