Меѓународен ден на студентите по сестринство

0

Во склоп на Меѓународната недела на сестринството, 5 мај Меѓународен ден на акушерките и 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, 09 мај се одбележува како Меѓународен ден на студентите по сестринство.

За првпат во просториите на Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје беше одбележан Меѓународниот ден на студентите по сестринство на 09.05.2012 година од страна на Македонската секција на студенти по сестринство (MSSN) при Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на РС Македонија (ЗМСТАМ) која за првпат е формирана на 15.09.2011 година во Скопје.

*Цветанка Невчева (Атанасовска), Претседател на Македонската секција на студенти по сестринство (MSSN) Презентација на новоформираната Македонската секција на студенти по сестринство (MSSN) VI конференција на ЗМСТАМ – 10.12.2011 година

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи 2020 година за Меѓународна година на медицинските сестри и акушерки истакнувајќи ја нивната значајна улога во битката со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.

Скоро 50% од здравствените работници се медицински сестри и акушерки. На Светот му требаат 9 милиони повеќе медицински сестри и акушерки доколку сака да постигне универзално здравствено покритие до 2030 година.

Меѓународниот совет на медицински сестри (ICN) минатиот месец објави дека повеќе од 100 медицински сестри починале од Ковид-19, а според податоците на Светската здравствена организација (WHO) повеќе од 23.000 се регистрирани инфицирани здравствени работници.

На Меѓународниот ден на студентите по сестринство оваа година сакаме да им одадеме почит на тие што ги загубиле своите животи во оваа борба, но и подршка на нашите колеги и колешки како и на сите останати здравствени работници кои што успешно секојдневно се справуваат со вирусот Ковид-19.

Вие сте нашите херои!

Со почит,
Цветанка Невчева

Претседател на Македонската секција на студенти по сестринство (MSSN)