Коензим Q10

0

Што е коензим Q10?

Коензимот Q10 (ubiquinone) е т.н. витамин кој го има во сите клетки на нашиот организам, поточно во органелите како што се митохондриите. Учествува во аеробниот синџир на респирација на клетката и во создавањето на енергија која му е потребна на организмот. Најголеми конзентрации на коензим Q10 има во клетките на оние органи кои се со најголема побарувачка на енергија како: срцето, мозокот, хепарот и бубрезите.

 

По состав е 1,4-benzoquinoneQ се однесува на quinone хемиската група, а 10 се однесува на бројот на isoprenyl хемиската група која ја формира „опашката“.

Корисниот ефект на коензимот Q10

Денес се смета дека коензимот Q10 има улога во подобрување на активноста на имуниот систем. Бидејќи клетките на имуниот систем брзо се репродуцираат и созреваат, имаат потреба од повеќе енергија за нивно одржување и секојдневно создавање.

Органите како срцето, мускулите, мозокот, бубрезите и црниот дроб, поради напорната работа, бараат и повеќе енергија, затоа коензимот Q10 во овие органи најзастапен, а со тоа во нив се создава и повеќе енергија. Тој има и антиоксидантно дејство со што уште повеќе ја подобрува работата на клетките.

Со процесот на стареење (по 35-та год.) или поради некое заболување нивото на коензим Q10 се намалува. Тој проблем денес може да се надмине со помош на суплементи на овој т.н. витамин.

Се смета дека коензимот Q10 има позитивен ефект кај срцевите болни, луѓето кои патат од чести мигренозни атаки и во подобрувањето на имуниот систем. Има улога и во намалување на крвниот притисок. Се докажало дека систолниот го намалува за 17, а дијастолниот за 10 mmHg.

Коензим Q10 во козметиката

Најширока примена има во козметичката индустрија. Многу креми содржат коензим Q10 за кој се смета дека аплициран локално на кожата го забавуба нејзиниот процес на стареење, ја прави кожата помека, поеластична и ја намалува појавата на брчки. Ја штити кожата од слободните радикали, кожата изгледа посвежо, поздраво и е понежна на допир.

Коензимот Q10 може да се зема и по природен пат. Го има во бадемите, сардините, спанаќот и некои видови месо.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Д-р Ирена Беде Спалевиќ е родена на 06.10.1982 год. во Охрид. Завршува Медицински факултет во Скопје. Покраj медицината интерес има за спортски активности како пливање, аеробик и пилатес. Смета дека редовната физичка активност и здравата исхрана се во најголем процент одговорни за одржување како на физичкото така и на менталното здравје. мото Во здраво тело, здрав дух. Never say never Доктори.мк е супер веб страна на која може да се најдат многу интересни и поучни информации. Ова е добар начин да се информираат луѓето за најчестите проблеми во врска со здравјето, а воедно и да дознаат некои интересни факти и феномени во медицината. :)