Артериовенска малформација на мозокот претставува систем на дилатирани артерии, кои директно, без посредство на капиларна мрежа, се вливаат и комуницираат со венскиот систем.
Етиолошки фактори
Етиологијата е конгенитална и недоволно позната. Се смета дека се работи за промени во ембрионалниот развој на капиларната мрежа од ендотелниот канал, од 3 до 5 недела од бременоста.
Карактеристики на артериовенската малформација
Локализација:
- Поглавината;
- Коските на черепот;
- Мозочните обвивки;
- Мозочен паренхим.
Големина:
- Од неколку мм до гигантски, кои ја зафаќаат целата мозочна хемисфера и се шират на двете мозочни хемисфери.
Кои се симптомите?
- Иако артериовенските малформации се вродени аномалии, сепак првите симптоми најчесто се јавуваат од 20-30 год. од животот. Еден од знаците за артериовенска малформација може да биде епилептичен напад.
- Интермитентни невролошки дефицити.
- Интракранијални крварења, кои најчесто се манифестираат како интрацеребрално крварење. Поретко интравентрикуларно, а многу ретко како субарахноидално крварење.
- Субјективен шум во ушите кој е синхрон со пулсот кој може да биде и објективен на стетоскоп во 5-10% од случаите.
Дијагноза
- ЕЕГ
- КТМ
- Ангиографија
- МРИ
Терапија
- Хируршка;
- Емболизација;
- Радиотерапија, ако е длабоко во функционалните зони.
-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-