Дислексијата претставува пореметување во совладување на читањето и покрај нормалната интелигенција, добриот вид, систематска обука и други поволни едукативни, психолошки и социјални фактори.
Таа може да се јави во потешка или полесна форма, зависно од вкупната манифестна слика. Типологија на грешки обично е следна
– Неспособност на памтење на буквите
– Неспособност на доведување во врска печатната и ракописната буква
– Недоволно познавање на големите букви
– Неспособност за поврзување на буквите во континуиран ред
– Замена на вокалот во зборот
– Повторување на првата буква или првиот слог еднаш или повеќе пати
– Прекинување на повеќесложните зборови
– Погрешно читање на завршните делови на зборот
– Ротација на буквите и слоговите на зборот
– Прескокнување на кратки зборови ( сврзници )
– Пренагласување на делови на зборови и делови на реченици
– Непочитување на знаците за интерпукција
– Прескокнување редови како и отежнато враќање на почетокот на следниот ред
– Делумно или погрешно разбирање на текстот
– Апсолутна неспособност за разбирање на прочитаниот текст
– Неправилна респирација во текот на читањето, често прекинување заради одмор
Сите овие симптоми произлегуваат од сложениот проблем на дислексија.
Постојат два вида на дислексија, развојна и специфична
А) во развојна дислексија спаѓаат – дислексија која настанува заради незрелост на психомоторниот систем чија што причина не е доволно дефинирана.
Б) Дисфазична дислексија – која се јавува како последица на патолошки неразвиениот говорно –јазичен систем.
В) Дислексија настаната како последица на повреда на ЦНС
Специфична – е она која се надминува исклучително тешко и покрај најдобрите методи применети на обука.
Како можни причини за дислексија се
А) Примарни ( наследни фактори , трауми )
Б) Секундарни ( церебрална дисфункција недоволна развиена доминација на хемисферите, послаба физичка конституција на детето итн
В) Терцијални ( недостатоци во интелектуалниот развој, општи пречки во развојот на говорот, пречки во моторика, неспособност за концентрација
Третманот се состои од
*подготовка ( развој на психомоторни и субјазични функции)
*техника на читање ( читање од тетратка итн)
*автоматизација – потребно е што повеќе да се вежба и повторува бидејќи тоа допринесува за совладување на техниката на читање.