Што е интрацеребрална аневризма?
Аневризма на мозочните крвни садови претставува абнормална ограничена или дифузна дилатација на ѕидот на крвниот сад.
Anaeuris (ana-попречно, спротивно, euris-проширување)
Историјат – Од кога знаеме за постоењето на анеуризмите?
Инциденца
Во Р.Македонија има 200 нови случаи годишно.
Етиологија
Конгениталните (вродени) аневризми се најчести, дури над 90% од случаите. Вродените аневризми се вреќести (saccular berry aneurysm).
Бидејќи најголем број од интракранијалните аневризми се вродени, овие заболувања спаѓаат во групата на васкуларни аномалии. Аневризмите многу поретко можат да бидат предизвикани од трауматско, атеросклеротично, септичко (инфективно) и неопластично потекло, како и да бидат дисекантни анеуризми или анеуризми од српеста анемија.
Изглед и големина
Аневризмите по својата форма можат да бидат вреќести, односно сакуларни (berry aneurysm) и многу поретко фузиформни, односно вретеновидни. Фузиформните се најчесто предизвикани од трауматско, атеросклеротично, инфективно (луетични, микотични), воспалително или др. потекло.
Големината на аневризмите може да варира од неколку милиметри до повеќе центиметри во дијаметар. Во праксата тие најчесто се од 5-15 мм.
Локализација
Интракранијалните аневризми се локализирани на артериските бифуркации. Околу 85% се сместени на предниот дел на Circulus Willisi, а околу 15% на вертебро-базиларната циркулација.
Клиничка слика
Кои се симптомите за интракранијална аневризма?
Иако најчесто интракранијалната аневризма е присутна уште од раѓањето, нејзината клиничка манифестација настанува дури со нејзината руптура. Најчесто тоа е околу 35 год. од животот. Аневризмата ретко клинички се манифестира пред да настане руптура или крварење на истата. Бидејќи аневризмите се сместени во субарахноидалниот простор, руптурата најчесто доведува до субарахноидално крварење. Поретко може да настане интрацеребрален хематом (анеуризми на a.cerebri media) или интравентрикуларно крварење (анеуризми на a.communicans anterior).
Дијагноза
- Лумбалната пункција ќе докаже присуство на крв во субарахноидалниот простор, но контраиндицирана е кај интрацеребрално крварење;
- Компјутерска томографија;
- Ангиографија;
- Магнетна резонанца;
- МР Ангиографија;
- КТ Ангиографија.
Терапија
Хирушки третман во првите 24-72 часа (clipping).
-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-