Сите интервенции во современата дентална медицина се сведуваат на минимална инвазивност. Пред повеќе од 10 години се применувале реставративни техники кои вклучувале големо отстранување на забно ткиво, бидејќи тоа било потребно за тогашните реставративни материјали. Со развојот на современите стоматолошки материјали и новите сознанија за биологијата на забите, се повеќе се придава значење за зачувување на здрави забни ткива што претставува темелен принцип на минимално инвазивната дентална медицина.
Иако минимално инвазивниот пристап се почесто се користи во сите гранки на денталната медицина, посебно е нагласен при стоматолошките интервенции што се прават кај децата.
Темелот на минимално инвазивната дентална медицина е превентивата и раната дијагностика. За превентивата најважни се редовните контролни и примената на профилактички мерки, како што се остранувањето на тврди забни наслаги, флуоризација и едукација за правилно одржување на оралната хигиена. За раната дијагностика, исто така, се важни редовните контролни прегледи и добрата соработка со стоматологот. Со препознавањето на кариесот уште во најраната фаза, со интервенцијата може да се изгуби минимален дел од тврдото забно ткиво. Со навременото спознавање на факторите на ризик за развој на кариесот, можно е пациентите примарно да се едуцираат за превентивните мерки.
Минимално инвазивниот пристап подразбира препознавање на кариесот во најраната фаза, односно делување на механизмите кои се причина за неговото настанување. Наместо отстранување на заболеното (кариозно) забно ткиво, се настојува да се постигне негова реминерализација и барем делумна регенерација.
Секако, во случај на поголем кариозен процес ваквиот пристап не се применува, но во поголемиот број на раните кариозни лезии овој пристап може да даде многу добри резултати. Потпора на минималната инвазивност даваат квалитетните современи материјали. Особено тука се мисли на стаклено-јономерните цементи кои овозможуваат долготрајно отпуштање на флуориди, кои делуваат реминерализирачки на оштетеното забно ткиво, т.е. превентивно на преостанатите здрави заби.
-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-