Препознајте го мозочниот удар и спасете живот

Многумина од нас не се свесни дека доколку знаат рано да ги препознаат симптомите на мозочниот удар, може да го спасат не само сопствениот живот, туку и животот на некој друг.

Овие симптоми се аларм  за итност!!!!

Веднаш треба да се побара лекарска помош.

 

Брзиот и навремен третман ги минимизира последиците од мозочен удар, а во одредени случаи го спасува животот. Пациентот треба веднаш да биде пренесен до најблискиот медицински центар, третманот со тромболиза е ефективен  во првите три часа.

Лесно е да го препознаете мозочниот удар доколку ги знаете следните упатства. Најважно е веднаш да повикате 194.

Лице

Замолете ја личноста  да се насмее. Дали едната страна на устата е неподвижна/искривена? Лицето не е повеќе симетрично?

Раце

Побарајте да ги подигне двете раце. Дали едната рака паѓа?

Говор

Дали може да состави проста реченица? Дали зборува нејасно?

Време

Доколку постои некој од овие знаци веднаш повикајте 194.

Англискиот акроним FAST(брзо) ќе ви помогне полесно да ги запомните овие чекори. FAST = Face, Arms, Speech, Time.