Вечната загатка за машко-женските пријателства

0

Дали ве сака само како пријателка или има скриени намери кон вас?

Дали маж и жена можат да бидат само пријатели?

Уште од одамна машко-женското пријателство било мета на многу дискусии полемики и спротивставени ставови. Можат ли маж и жена да бидат пријатели, а притоа меѓу нив да не се појави никаква биолошка тензија? Ова ги интересира многу научници, некои од нив магистрирале и докторирале на темата машко-женско пријателство, што укажува дека на оваа тема се воделе многу истражувања.

Позната е поговорката дека жените се паднати од една, а мажите од друга планета и дека се потполно психички и делумно физички различни. Од многуте истражувања и образложенијата кои ги давале научниците, до одговорот дали постои машко-женско пријателство  очигледно многу тешко ќе дојдеме. Машко-женското пријателство започнува нормално како и секое друго пријателство и доколку, останат само “подалечни” пријатели тоа ќе функционира одлично. Но што се случува доколку сакаат да бидат блиски пријатели, дали е тоа можно? Па како одговор на ова прашање нема да можеме да кажеме ништо друго освен зависи. За едно машко и едно женско да бидат само пријатели е нужно и двајцата да го сакаат тоа одлучно. Тоа значи ниту еден од нив да нема скриени намери, но како ќе го знаеме тоа? Овој проблем особено го имаат  жените, тие се плашат да бидат блиски пријатели со еден маж, бидејќи не знаат дали тој има скриени намери кон неа или едноставно ја сака само како пријателка, поточно кажано се плашат да не бидат повредени. Во овој случај сомнежот на жените е целосно оправдан, бидејки бројни истражувања покажале дека многу насилства, силувања, киднапирања па дури и убиства се случиле баш поради тоа што жените  се впуштале во блиско пријателство со еден маж кој пак имал скриени мисли и планови кон неа.

Како ќе препознаете дали  мажот што е до вас ве сака само како пријателка или има скриени намери кон вас?

Не постојат прецизни критериуми, но можеби ќе се согласите со некој од следните…

  • Доколку мажот кој го сметате за близок пријател, ви се поверува и често ви кажува што го мачи во животот, некогаш отворено ви кажува за своите проблеми дома, тогаш најверојатно ве гледа  како пријателка, бидејќи, биолошки е мажот пред жената да кажува само пофалби и да ја истакнува својата сила, за да ја шармира партнерката, никако тој нема да покажува слабости кон вас доколку ве глада како негова идна интимна партнерка.
  • Секогаш отворено ви кажува она што не му се допаѓа кај вас и ве советува како тоа да го поправите за да изгледате попривлечна, често може да ви каже дека правата коса ви стои подобро од витканата на пример, овие совети жените често ги толкуваат погрешно, мислат дека со ваквите забелешки мажите ги покажуваат своите скриени намери, но тоа е сосема погрешно. Мажот што навистина има скриени намери кон вас нема да ви дава совети како да изгледате поубаво, што ви стои што не, неговата единствена намера е да се најдете во неговиот кревет, и сите разговори ќе течат во таа насока.
  • Доколку тој постојано ви зборува за неговите авантури излегувања, како и со колку девојки досега спиел, какви автомобили возел, тој со сигурност не ве гледа само како пријателка.
  • Доколку постојано седнува до вас тајно, како ненамерно ве допира често ве погледнува директно во очи, или скришно ве гледа, на пример додека пишувате, со сигурност не ве гледа само како пријателка
  • Доколку секогаш кога ќе го спомнете вашиот дечко, тој ја избегнува темата или молчи и ништо не додава, тогаш тој навистина не ве гледа само како пријателка

Како и да е, колку и мажот да ве гледа само како пријателка секогаш ќе постојат одредени тензии помеѓу вас, сепак големината на еден маж се познава, доколку може да одржува блиско пријателство со една жена без притоaда дозволи остриот меч нанагонот да го пробие, бидејки машко-женското пријателство може да ви понуди многу искуства и поволности.

Како машко-женското пријателство може да ви биде од корист?

Некои би рекле доколку не ја гледаме жената како жена на биолошки начин, зошто тогаш да ја гледаме единствено како пријателка, дали тогаш го имаме само она што го имаме и со нашиот другар или пријател? Одговорот на ова прашање го истражувале многу научници, а резултатите од истражувањата биле интересни, еве што рекле научниците:

  1. Maжите кои имаат во својот живот блиска пријателка се покажале како многу подобри љубовници со нивната партнеркa
  2. Мажите кои имаат во својот живот бликса пријателка одржуваат постабилна врска со партнерката
  3. Мажите кои имаат во својот живот блиска пријателка се попривлечни и поатрактивни за жените

Но зошто?

Мажите кои имаат во својот живот блиска пријателка имаат можност да ја видат жената од поинаков агол, имаат можност да навлезат во женскиот свет, да добиjат женски совет, индиректно да видат во што уживаат жените, да ја истражат подобро женската психа… Ова е непроценливо искуство за еден маж, некои работи кои може да ги научите од жената како другарка неможете да ги научите  од својата партнерка со која имате интимни контакти…

Сепак се ова е многу сложено бидејќи блискоста со една жена без разлика колку и тие да се сигурни во нивното пријателство нема да биде секогаш добро сфатено од околината, неговата девојка или нејзиниот дечко секогаш во вас ќе гледаат конкуренција, другарите твои или нејзините другарки секогаш во вас ќе гледаат нешто сомнително како и сите останати ваши блиски.

 

Како и да е, според мене и според многу истражувачи машко-женското пријателство постои и придобивките од него се навистина големи, колку и се да е комплицирано запомнете дека големината на човекот е да го вреднува и одржува вистинското пријателство без разлика дали е помеѓу луѓе од ист или различен пол.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

E-mail: robima2008@gmail.com Phone: +38978/413-067 Adress: Jane Sansanski 18; K.Palanka Лични информации и образование: Родена: 28.11.1990 година во Крива Палнка Основно образование(1997 -2005), ОУ “Јоаким Крчовски” – Крива Паланка Средно образование-гимназија (2005-2009), СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Палнка Високо образовани – Доктор по Општа медицина (2010-2016), Факултет за медицински науки – Универзитет “Гоце Делчев” – Штип Искуства и објавени трудови: Демонстратор на Факултетот за медицински науки - Универзитет “Гоце Делчев” – Штип (2015-2016) Уредник на доктори.мк (од 2013 година) Уредник на проектот zazdravje.com.mk во период од 2010 до 2013 година Автор на повеќе од 1 000 статии и текстови на домашни и меѓународни портали поврзани со одржување на здравјето Добитник на признание за придонес во здравствената едукација во Република Македонија Сертификат од Факултетот за медицински науки како доказ за оджување на вежби по предметот прва медицинска помош на студентите по општа медицина Во текот на средното обрзование добитник на златен медал за најдобар ученик на локален MASSUM огранок како и добитник на прва награда за изработка на web странана и бројни сертификати за најдобро изработена реклама за средното општинско училиште во соработка со USAID невладината организација Активно учество на меѓународен симпозиум – Current achievements and future perspectives in medical and biomedical research (2015) Активно учество на студентски симпозиум - Celebrating achievements in medical sciences, promoting health and sharing knowledge – Shtip (2016) Научни трудови како автор: Analysis of the PAP the PAP test results in the area of Kriva Palanka – Nikolovski, R; Denchovska, K; Mladenovski, G; Markovski, V; (освоено прво место на меѓународен симпозиум) Epidemiologycal characteristics of Influenza Virus in Municipality of Kumanovo – Denchovska, K; Nikolovski, R; Markovska, E; Makovski, V; Научни трудови како ко-автор: Anemia as a reason for hospitalization in the region od Kumanovo – Ilievski, S; Nikolovski, R; Denchovska, K; Anchevski, T; Markovska, Дипломски труд на тема: Epidemiologycal characteristics of influenza virus in Municipality of Kumanovo – Nikolovski, R; Markovski, V; Познавање на јазици и вештини: Одлично познавање на МS OFFICE (exel, word, power point, publisher), windows и linux оперативен систем Основно познавање на програмси јазици: C++, paskal, JAVA Познавање на англиски јазик (напредно ниво) Познавање на германски јазик (основно ниво) Одлично познавање на блканска група јазици (српски, хрватски, бугарски ...) Способност за тимска работа -Во Доктори.мк препознав сајт кој има потенцијал и тим кој во иднина не само што ќе го направи Доктори.мк главен медицински информатор во Македонија, туку и прирачник за сите медицински лица, препознатлив не само во земјава туку и во целиот регион. Горд сум што имам можност да бидам дел од овој тим кој е полн со енергија и спремен да го доближи светот на медицината до секој граѓанин. Му посакувам на порталот како и на целиот негов тим многу успеси и вредна и напорна работа, бидејќи само така може да се дојде до посакуваниот ефект.