Алергиски ринитис кај децата – кои се причинителите

Алергиските заболувања се резултат на взаемното дејствување на генетските фактори и факторите на околината. Загадувањето на воздухот и глобалното затоплување носат здравствени последици.

Алергитскиот ринитис е воспалителна болест на назалната мукоза што се карактеризира со присуство на мастоцити, базофили, еозинофили и еден од овие симптоми: кивање во салви (5-6 пати наеднаш без прекин), обилна секреција од носот и затнат нос. Овие симптоми може да бидат придружени и со чешање на носот. Кај голем број случаи алергискиот ринитис е асоциран со коњуктивитис,солзење и чешање на очите.

Причинители-полен, алергени од животинско потекло,мувли,цигари,мириси,зачини и емоционални фактори. Кај децата алергискиот ринитис се појавува до втората година од животот на детето.

Не треба да се занемарува затоа што со текот на времето може да премине во алергиска астма или до комликации како што се инфекции на синусите,крварења од нос,воспаление на уво,намален слух и поретко ноќно хрчење, субглотичен ларингитис, кој моше да биде многу опасен и за него е потребно болничко лекување, алергиски риносинузитис кој ако не се лекува соодветно, може да дојде до појава на носна полипоза, за која е потребно оператвно лекување.

Се испитува со присуство на еозинофили во носот и алерготестови. Се лекува со антихистаминици,интраназални тописки кортикостероиди и локално промивање на носот со физиолошки раствор.

Лекувањето треба да зпочне еден месец пред сезоната на алергии. На родителите на овие деца им се советува еднаш месечно да се прави контрола кај оториноларинголог.

Д-р Јулијана Кралева - Јанкуловска е родена на 10 јануари 1973 год. во Скопје, каде го завршува своето основно и средно образование. Во ноември 1997 год. дипломира на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Во текот на студирањето посебно ја интересира областа на педијатријата. Веднаш по дипломирањето се вработува во педијатриската ординацја „Д-р Сајковски“ - Скопје каде работи 8 години и стекна со искуство во работата со децата. Веќе 10 год. работи како матичен лекар за деца и родители во својата ординација ПЗУ Д-р Кралева - Скопје.